Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и пратеникот од Тетово Александар Велјановски денеска ја посетија манастирската црква „Св. Богородица“ во Лешочкиот манастир, каде што се во тек значајни конзерваторски проекти.

Според министерот Љутков, годинава ќе заврши конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак, за што се одобрени 6 милиони денари. Дополнително, се издвоени средства за конзервација и раслојување на живописот на црквата, каде што се пронајдени слоеви од 14, 17 и 19 век.

Пратеникот Велјановски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зачувување на македонското културно и духовно наследство.
„Со овие инвестиции не само што го заштитуваме историското богатство, туку и ја јакнеме врската на идните генерации со нашето културно минато,“ изјави Велјановски.
Проектите во Лешочкиот манастир се дел од пошироката стратегија за реставрација и заштита на културните споменици низ целата земја.