ПРВ.мк

Путин скептичен за предлогот на САД за примирје со Украина

Путин скептичен за предлогот на САД за примирје со Украина
VERO Banner

Руски извори денес изјавија дека е малку веројатно претседателот Владимир Путин да го прифати американскиот предлог за 30-дневно примирје со Украина. Изворите наведуваат дека секој договор би морал да ги земе предвид руските напредувања на бојното поле и барањата на Москва.

Руската инвазија на Украина резултираше со стотици илјади загинати и повредени, милиони раселени лица и го предизвика најголемиот судир меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја смени претходната американска политика кон Русија, отворајќи билатерални преговори со Москва и суспендирајќи ја воената помош и споделувањето разузнавачки податоци со Украина, наведувајќи дека Киев мора да се согласи на одредени услови за да се стави крај на војната.

САД во вторникот се согласија да ја обноват воената помош и разузнавачката соработка откако Киев изјави дека е подготвен да го поддржи предлогот за примирје.

Висок руски извор за „Ројтерс“ изјави дека Русија би морала детално да ги разработи условите на секое примирје и да добие некакви гаранции.

„На Путин му е тешко да се согласи на ова во сегашната форма“, рече изворот, кој во странските медиуми останува анонимен поради чувствителноста на ситуацијата. „Путин има силна позиција бидејќи Русија напредува“.

Русија контролира нешто помалку од една петтина од Украина, околу 113.000 квадратни километри, и постепено напредува веќе со месеци. Украина во август зазеде мал дел од западна Русија како адут за преговори, но нејзината позиција таму слабеe.

Руски извор изјави дека без гаранции заедно со примирјето, руската позиција би можела брзо да ослабне и дека Западот би можел да ја обвини Русија за неуспехот во завршувањето на војната.

Друг руски извор рече дека од перспектива на Москва, предлогот за примирје изгледа како замка, бидејќи на Путин би му било тешко да ја запре војната без конкретни гаранции или ветувања.

Путин повеќепати исклучи краткорочно примирје.

„Не ни треба примирје, ни треба долгорочен мир обезбеден со гаранции за Руската Федерација и нејзините граѓани. Тоа е тешко прашање – како да се осигураат тие гаранции“, изјави тој во декември, пренесува Н1.

Обраќајќи се до Советот за безбедност на 20 јануари, Путин изјави: „Не треба да има краткорочно примирје, не треба да има некаква пауза за прегрупирање на силите и пренаоружување со цел продолжување на судирот, туку е потребен долгорочен мир“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран