Д Фестивал, најголемиот летен фестивал во Македонија, оваа година ќе се одржи на нова локација. По 14 години во Дојран, нов град домаќин на фестивалот ќе биде Штип.
Покрај тоа, фестивалот добива и ново име – The Festival, што во игра на зборови остава исто значење како и досега – Д Фестивал.
„По години на магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Како што детето расте и го напушта својот дом за да ги следи соништата, така и Д Фестивал тргнува по нов пат. Ова лето, по повод јубилејната 15-ка, нашиот фестивалски караван продолжува кон Штип, опкружен со планини и река, под Исарот“, објави организаторот „Пасворд продукција“.
Ново издание на фестивалот ќе се одржи од 4 до 6 јули.
(Фото: Фејсбук/Вондер Блек)