ПРВ.мк

Зошто Судот му одреди куќен притвор на Јахоски?

Зошто Судот му одреди куќен притвор на Јахоски?
VERO Banner

Сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, доби куќен притвор наместо затворски, по одлука на судот кој ги разгледал неговите лични околности. Судот ја уважил неговата улога како старател на четири деца, од кои три се малолетни, како и здравствените проблеми, за кои приложил медицинска документација. Оваа одлука следуваше по предложеното барање за притвор од Обвинителството, кое, сепак, беше одбиено.

Судијата ја земал предвид ниската веројатност за бегство, исто како и цврстите врски на Јахоски со државата и неговиот бизнис, кој вклучува повеќе вработени. Како дополнителни мерки, на Јахоски му беше одземен пасошот и му е забрането издавање нов патен документ, со цел да се спречи можноста за напуштање на државата. Обвинителството изрази незадоволство поради одлуката, но судот ги проценил сите околности и донел одлука во корист на поблага мерка.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран