ПРВ.мк
Свет

Русите тврдат: Украина подготвува голема саботажа на самитот на Трамп и Путин

Русите тврдат: Украина подготвува голема саботажа на самитот на Трамп и Путин

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Киев подготвува провокација со цел да ги наруши руско-американските разговори закажани за 15 август.

„Криминалните провокации станаа заштитен знак на режимот во Киев“, рече Захарова, коментирајќи ги информациите од руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана објави дека непосредно пред самитот на кој ќе се сретнат Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска, украинските вооружени сили планирале провокативен напад во Харковската област со употреба на дронови и ракети врз густо населеното подрачје или болница со голем број цивилни жртви. Целта била западните новинари да ги документираат последиците и да ја обвинија руската армија.

Според Русите, Киев сака да ја префрли вината врз руските сили и да создаде негативна медиумска слика за да го наруши руско-американското партнерство во решавањето на конфликтот во Украина.

Министерството откри дека украинскиот режим организирал донесување на странски новинари во Чугуев, Харковска област, под изговор дека се подготвуваат извештаи за животот во прифронтната зона.

Украинската безбедносна служба (СБУ) на 11 август го организирала транспортот на новинарите со цел подготовки за серија извештаи од прифронтниот град.

Според руските извори, ова е дел од поширок план, каде украинските сили ќе изведат напад со дронови или ракети врз населено подрачје, а потоа новинарите ќе ги документираат последиците и ќе ја обвинуваат руската армија за цивилните жртви.

Главната цел на провокацијата е да се спречи предстоечкиот самит меѓу Русија и САД, закажан за 15 август во Алјаска. Русите тврдат дека украинската армија нема ресурси за голема офанзива и се потпира на вакви провокации.

Escape