ПРВ.мк
Свет

Русија нападна камиони на ОН - еве ги деталите

Русија нападна камиони на ОН - еве ги деталите

Камиони со хуманитарна помош на Обединетите нации станаа цел на руски беспилотни летала и артилерија во регионот Херсон, јужна Украина, соопшти локалниот гувернер Олександр Прокудин. Тој нагласи дека е чудо што во нападот нема повредени или загинати.

Прокудин ја обвини Русија за терористички чин насочен кон белите камиони со ознаки на ОН, кои носеле помош наменета за украинските граѓани. На својот профил на „Икс“ објави фотографија на оштетен камион со ознаки на Светската програма за храна (WFP), кој бил погоден на поле.

Нападот се случил во заедницата Билозерка, на неколку километри од реката Днепар, која ја дефинира фронтовската линија во областа.

Обединетите нации го осудија нападот, истакнувајќи дека „ваквите напади се целосно неприфатливи. Хуманитарните работници се заштитени со меѓународното хуманитарно право и не смеат да бидат цел“.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, го осуди „новото кршење на меѓународното право“ од страна на Русија, нагласувајќи дека овој напад е доказ за целосното непочитување на Москва кон животите на граѓаните и нејзините меѓународни обврски.

Escape