Рускиот министер за надворешни работи, преку портпаролката Марија Захарова, денеска јасно истакна дека Москва нема да прифати присуство на странски мировници во Украина. Ова барање го постави украинскиот претседател Володимир Зеленски како дел од безбедносните гаранции за својата земја.
Захарова нагласи дека овие гаранции се „неприфатливи“ и ги оцени како потенцијална закана за целиот европски континент, посочувајќи дека идеите на Киев се копија на иницијативите на европските држави и не претставуваат вистинска поддршка, туку создаваат дополнителни ризици за ескалација на конфликтот.
Таа додаде дека секаква помош за Украина „само ја продолжува агонијата на киевскиот режим“ и ги продолжува опасностите од провокации против Русија.
Во однос на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за испраќање мировници по прекинот на огнот, Захарова рече дека Европа мора да ја разбере руската позиција и дека овие планови нема да се реализираат. Таа истакна дека, според Русија, првата линија на одбрана на Украина е нејзината армија, а втората е мултинационална коалиција поддржана од САД.