ПРВ.мк
Свет

Русија ја проширува соработката со Иран – еве колку сателити испратија во орбитата!

Русија ја проширува соработката со Иран – еве колку сателити испратија во орбитата!
Kristal

Денеска, од Русија беа успешно лансирани три ирански сателити со помош на руски ракети-носачи „Сојуз“, што е дел од зајакнувањето на вселенската соработка меѓу двете држави, кои се под меѓународни санкции од САД и нивните сојузници.

Според иранските државни медиуми, сателитите – Паја, Зафар 2 и Косар – се наменети за ниска Земјина орбита и ќе се користат за мониторинг на земјоделството, природните ресурси и заштита на животната средина.

Иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали, истакна дека сателитите се дизајнирани и произведени од ирански научници „и покрај сите санкции и закани“, нагласувајќи дека соработката со Русија опфаќа и други области, дел од кои не се објавуваат јавно.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, односите меѓу Москва и Техеран значително се продлабочија, додека западните земји ги обвинуваат иранските власти за снабдување на Русија со ракети и беспилотни летала за употреба во Украина, што Техеран ги негира.

FixCredit
Escape