Русија реагираше по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, кои беа префрлени во САД за судење по обвинение за трговија со наркотици. Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, истакна дека „првиот чекор, без кој сè друго останува чисто хипотетички, е ослободувањето на Мадуро и неговата сопруга“.
Тој нагласи дека Русија ќе инсистира на нивно ослободување и дека идните планови на Москва за претседателот на Венецуела ќе бидат разгледани во зависност од развојот на ситуацијата.
Мадуро и Флорес беа уапсени на 3 јануари во воена операција во Каракас и префрлени во Њујорк, каде ќе се соочат со судење за наводна трговија со дрога. Рјабков додаде дека во овој момент нема смисла да се шпекулира за тоа каква ќе биде иднината на венецуелскиот лидер во контекст на Русија.

















