ПРВ.мк
Свет

Речиси половина од парите на домаќинствата во ЕУ одат на само три работи

Речиси половина од парите на домаќинствата во ЕУ одат на само три работи

Речиси половина од вкупните трошоци на домаќинствата во Европската Унија се концентрирани во само три категории – храна, домување и транспорт.

Според податоците на Евростат за јануари 2026 година, овие трошоци заедно сочинувале дури 46 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата.

Станува збор за храна и безалкохолни пијалаци, домување, вода и енергија, како и транспорт. Токму овие категории во изминатиот период беа погодени и од значителни ценовни зголемувања, поради што имаат големо влијание врз семејните буџети.

Во споредба со јануари 2025 година, најголем раст на учеството во потрошувачката е забележан кај рекреацијата, спортот и културата – за 1,2 процентни поени.

Повеќе пари се издвојувале и за ресторани и сместување, каде уделот пораснал за 0,3 процентни поени, како и за образование, со раст од 0,1 процентен поен.

Од друга страна, најголемо намалување е забележано кај транспортот, чиј удел во вкупните расходи се намалил за 0,4 процентни поени. Кај информациите и комуникациите е регистриран пад од 0,3 процентни поени.