ПРВ.мк
Свет

ПУТИН НЕМИЛОСРДНО НАПАЃА: Лансирани 1.000 дронови за 24 часа, има жртви!

ПУТИН НЕМИЛОСРДНО НАПАЃА: Лансирани 1.000 дронови за 24 часа, има жртви!
Kristal

Русија лансирала речиси 1.000 дронови врз Украина за само 24 часа, во ноќта меѓу 23 и 24 март, што се смета за еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната, покажуваат податоците на украинскиот Генералштаб. Нападите продолжиле и во текот на следната ноќ – една жена загинала во Одеса, а околу 150.000 луѓе останале без струја во Чернигов.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала 147 дронови, од кои 121 биле соборени или неутрализирани.

Руски напади биле извршени и врз Миргород во Полтавската област, каде избувнале пожари на повеќе локации, меѓу кои станбена зграда и помошни објекти. Оштетени биле образовна установа, продавници, приватни куќи и товарен вагон со жито, но нема информации за жртви во овој напад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија нема намера да ја заврши војната и дека нападите се речиси непрекинати. Според него, во последните напади има најмалку 40 жртви, меѓу кои и пет деца.

– Русија ја напаѓа Украина со дронови речиси постојано, ден и ноќ. Испратени се стотици дронови, а погодени се повеќе региони низ земјата – изјави Зеленски, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Во меѓувреме, Украина возвратила со напади врз руската територија. Речиси половина милион луѓе останале без електрична енергија во Белгородската област, откако била погодена енергетската инфраструктура, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.

Околу 450.000 жители, вклучително и во главниот град Белгород, се соочуваат со прекини на струја, греење и водоснабдување. Поправките се во тек, но ќе бидат потребни неколку дена за целосно обновување на системот.

Белгород, кој се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина, често е цел на украински напади со дронови и ракети.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo