Млад државјанин на Турција се здобил со тешки повреди откако паднал од балкон на зграда во скопската населба Карпош.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил попладнето на 24 март. Повредениот, К.А.Е. (19), веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана медицинска помош.
Во моментов не е утврдено дали станува збор за несреќен случај или има други околности што довеле до падот.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а истрагата продолжува со цел да се расветлат сите детали поврзани со случајот.


















