Првиот случај на птичји грип кај човек во Европа е потврден во регионот Ломбардија, кај лице кое се заразило надвор од континентот и моментално е хоспитализирано и во изолација.
Од италијанското Министерство за здравство информираат дека засега нема причина за паника, но ситуацијата внимателно се следи. Преземени се сите неопходни мерки – идентификувани се контактите на пациентот и воспоставена е координација со здравствените институции и лаборатории.
Според експертите, птичјиот грип е вирусна инфекција која најчесто ги погодува птиците, особено дивите, кои се главни преносители. Вирусите имаат висока способност за мутација, а во последно време се регистрирани и кај некои цицачи.
Преносот кај луѓе најчесто се случува преку директен контакт со заразени птици или контаминирана средина, додека пренос од човек на човек не е забележан.
Најризични се:
- ветеринари
- работници во живинарската индустрија
Симптомите кај луѓето најчесто се благи и вклучуваат:
- покачена температура
- болка во грло
- кивање
- конјунктивитис
Во потешки случаи може да дојде до сериозни респираторни компликации.
Надлежните апелираат на внимателност, но нагласуваат дека ризикот за пошироката популација засега е низок.


















