ПРВ.мк
Свет

Путин организира „анти-Евровизија“: Србија го најави своето учество на фестивалот, објавен списокот со земјите-учеснички

Путин организира „анти-Евровизија“: Србија го најави своето учество на фестивалот, објавен списокот со земјите-учеснички

Рускиот претседател Владимир Путин повторно ја активира старосоветската музичка манифестација Интервизија, замислена како противтежа на Евровизија, од која Русија беше исфрлена во 2022 година поради војната во Украина. Главниот настан е закажан за 20 септември во салата „Лајв Арена“ во Новоивановско, во близина на Москва.

На фестивалот ќе учествуваат земји блиски на Кремљ, меѓу кои Кина, Иран и Белорусија, но и изненадувачки – САД. Србија исто така најави учество, со музичарот Слободан Тркуља.

За да се избегнат празни трибини, властите нудат исплата од 6.000 рубљи (околу 63 евра) за оние кои ќе прифатат да учествуваат во организирани „флеш мобови“ и да минуваат по 13 часа дневно на проби. Само така може да се добијат влезници за генералната проба и финалната вечер.

Публиката ќе биде строго контролирана – забранет е влез на политички противници, поддржувачи на Украина, како и на лица облечени во жолта и сина боја. Недозволени се и логоа, како и искинати фармерки.

Списокот со учесници веќе кружи на социјалните мрежи и вклучува: Азербејџан, Белорусија, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Казахстан, Катар, Кина, Колумбија, Куба, Киргистан, Обединети Арапски Емирати, Русија, Саудиска Арабија, Србија, САД, Таџикистан, Узбекистан и Јужноафриканска Република.

Путин ја претстави Интервизија како настан за обнова на традиционалните вредности и промоција на универзални културни и духовни вредности, истакнувајќи дека веќе предизвикува „огромен интерес“.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape