По скандалот со Shein, француските власти сега го пријавија и AliExpress, Joom, eBay, Temu, Wish и Amazon за продажба на нелегални производи. Некои платформи биле фатени со секс-кукли, оружје и други забранети артикли, а дел не ги почитувале правилата за заштита на малолетниците.
Министерот за трговија Серж Папен најави дека на 27 ноември ќе се одржи средба со министрите од ЕУ за да се дискутира влијанието на овие платформи. Истовремено, Shein ги отстрани нелегалните производи од својата веб-страница, но останува предмет на истрага.
Француската јавност реагираше бурно и на високите цени во новата физичка продавница на Shein во Париз, кои го изненадија редовните купувачи.
















