ПРВ.мк
Македонија

Полицијата во акција: Разбиена опасна група што криумчарела мигранти – операцијата откри мрачно сценарио!

Полицијата во акција: Разбиена опасна група што криумчарела мигранти – операцијата откри мрачно сценарио!
Kristal

Полицијата спроведе силна координирана акција во близина на македонско–српската граница и целосно разби криминална група осомничена за криумчарење мигранти. Во два импровизирани кампа кај местото Ресуљка биле пронајдени осум мигранти – меѓу нив и две деца од Авганистан и Пакистан.

Поднесени се кривични пријави против пет лица, сите државјани на Авганистан, кои според истрагата ги воделе мигрантите од Грција, ги засолнувале и потоа со закани и насилство изнудувале пари за нивен премин кон Србија и ЕУ.

Операцијата била водена од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти, со поддршка од специјалните единици и под раководство на ОЈО за организиран криминал.

Escape