ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Безбедносен дебакл: ТикТок-ери го „освоија“ Лувр и си поставија портрет меѓу ремек-дела!

(ВИДЕО) Безбедносен дебакл: ТикТок-ери го „освоија“ Лувр и си поставија портрет меѓу ремек-дела!
Kristal

Двајца белгиски ТикТок-инфлуенсери, Нил и Сене, направија хаос во Лувр со шега што стана вирална – незабележани од обезбедувањето, го закачија својот портрет веднаш до легендарната Мона Лиза.

Инцидентот се случил на 14 ноември, во една од галериите на првиот кат од музејот. Двајцата, кои имаат повеќе од 48.000 следбеници, внимателно подготвиле план за да ја поминат контролата на влезот: рамка направена од Лего коцки што лесно се расклопува и може да се сокрие во обична торба.

Откако влегле, рамката ја составиле за неколку секунди и го закачиле својот портрет меѓу историските венецијански дела од 16 век – без никој од персоналот да реагира. Потоа мирно си заминале.

„Следниот ден ни стигна порака дека сликата сè уште стои на ѕидот. Не чекавме повеќе – веднаш го напуштивме Париз“, изјавија тие за BFMTV.

Овој настан повторно ги отвори прашањата за безбедноста во најпосетуваниот музеј во светот. Лувр веќе е под лупа по големиот грабеж на 19 октомври, кога од галеријата Аполо беше украден накит вреден околу 88 милиони евра. Иако седум осомничени се уапсени, накитот сè уште не е пронајден.

Државната ревизорска комисија претходно предупреди дека Лувр има недоволен број камери и заостанува со модерната безбедносна опрема. Новиот инцидент само ја зајакнува критиката дека безбедносниот систем мора итно да се ревидира.

Видео од „акцијата“ веќе собира милиони прегледи – и додека многумина се смеат на шегата, други прашуваат: Како вакво нешто е возможно во најпознатиот музеј на планетата?

ВИДЕО

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK