ПРВ.мк
Балкан

Домарот кој го претвори училиштето во сцена на хорор конечно доби пресуда

Домарот кој го претвори училиштето во сцена на хорор конечно доби пресуда
Kristal

Жупанискиот суд во Бихаќ изрече пресуда од 42 години затвор за 62-годишниот Мехмед Вукалиќ, поранешен домар во гимназијата во Сански Мост, кој минатата година го изврши тројното убиство што ја потресе јавноста во регионот.

Судот утврди дека Вукалиќ е виновен за бруталното ликвидирање на три лица: директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан. За секое убиство, тој доби по 14 години затвор, а дополнително му беше пресудена уште една година за незаконско поседување оружје, по што казните беа обединети во единствена – 42 години затвор.

Злосторството се случи во август 2024 година, кога Вукалиќ вооружен со автоматско оружје влегол во училиштето. Според доказите, најпрво се упатил кон канцеларијата на директорот Халиловиќ и испукал пет куршуми во него. Потоа продолжил кон секретарката Кљуниќ, која ја усмртил со четири истрели. На крај, во ходникот се соочил со професорката Миџан и ја застрелал со уште пет куршуми, оставајќи ја без знаци на живот.

По нападот, Вукалиќ се обидел да си го одземе животот, но медицинските тимови успеале да ги стабилизираат повредите и тој преживеал.

Неговата одбрана во текот на судскиот процес тврдеше дека Вукалиќ подолг период бил изложен на дискриминација и понижување на работното место, што, според нив, довело до сериозна психолошка состојба. Судот сепак утврди дека тој ги извршил убиствата во состојба на намалена пресметливост, но не и во состојба на невменост.

На последното рочиште Вукалиќ јавно изразил каење, наведувајќи дека жали за стореното и последиците што ги оставил.

Тој има законско право да вложи жалба на оваа пресуда пред Врховниот суд на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Escape