ПРВ.мк
Балкан

Почеток на нова војна во соседството? – Тензиите на српско-косовската граница ескалираат

Почеток на нова војна во соседството? – Тензиите на српско-косовската граница ескалираат
Kristal

Во близина на базата „Дебела Глава“ во подножјето на ридот Шоп, вооружена група испукала 15 куршуми кон припадници на српската армија. Во нападот било погодено службеното куче на патролата, но војниците останале неповредени.

По пукањето, сторителите побегнале кон Косово со шест џипови, а српските безбедносни сили веднаш го засилиле присуството во регионот. Истрагата е во тек за утврдување на идентитетот на сторителите и сите околности околу инцидентот.

Овој настан ја продлабочува веќе чувствителната ситуација на границата, каде во последните месеци се регистрирани повеќе безбедносни инциденти, а властите апелираат за смирување и строго почитување на протоколите за безбедност.

Escape