Тимот на Електродистрибуција, специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија, утврдил сомневање за кражба на струја во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.
Инцидентот се случил на улицата „Борко Талев“, каде бизнисменот манипулирал со сите три фази на броилото. За случајот е составен записник за неовластено користење, а до МВР е поднесена пријава според член 235-а од Кривичниот законик.
Дополнително, изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари. Министерството за внатрешни работи го документирало случајот.
















