Јавниот повик за студентски ваучери за набавка на електронски уреди е официјално отворен. Од денеска до 20 декември, студентите можат да аплицираат преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.
Кој може да аплицира:
- Студенти од прв циклус студии, државјани на Република Македонија, запишани во учебната 2025/2026 година.
- Прифатени се редовни и вонредни студенти, на државни или приватни факултети.
- Студентите не смеат да бидат постари од 29 години на денот на објавување на повикот.
За што се користат ваучерите:
- Купување лаптоп, таблет или персонален компјутер.
- Уредите треба да се подигнат најдоцна до 31 декември.
Како се аплицира:
- Ако ве има во евиденцијата на МОН:Најавување на uslugi.gov.mkИзбор на услугата за јавниот повикПоднесување апликација (без прикачување документи)Системот автоматски генерира вредносен ваучерВаучерот и личната карта се носат кај овластен оператор за подигање на уредот
- Најавување на uslugi.gov.mk
- Избор на услугата за јавниот повик
- Поднесување апликација (без прикачување документи)
- Системот автоматски генерира вредносен ваучер
- Ваучерот и личната карта се носат кај овластен оператор за подигање на уредот
- Ако ве нема во евиденцијата на МОН:Апликацијата покажува известување со линк до посебна услугаПотребно е да се прикачи потврда од факултетот за студирањеПо комплетирање, системот повторно генерира ваучер
- Апликацијата покажува известување со линк до посебна услуга
- Потребно е да се прикачи потврда од факултетот за студирање
- По комплетирање, системот повторно генерира ваучер
Каде се подигнуваат уредите:Електронските уреди се подигаат кај овластени економски оператори. Целосната листа е достапна на веб-страницата на Министерството.
















