ПРВ.мк
Македонија

Шверцер на дрва со опасен обид да помине граница - ова се деталите!

Шверцер на дрва со опасен обид да помине граница - ова се деталите!
Kristal

20-годишен државјанин на Албанија бил уапсен во близина на струшкото село Радолишта, откако бил затекнат како врши нелегален транспорт на огревни дрва. Младото лице, идентификувано како О.Ц., претходно нелегално ја преминало македонско-албанската граница и со патничко возило „Сузуки“ без регистарски ознаки се обидувало да пренесе дрва без жиг и без соодветна документација.

Полициските службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово го приведоа осомничениот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Escape