ПРВ.мк
Скопје

Турска донација од 9 милиони денари ќе го осветли симболот на Скопје!

Турска донација од 9 милиони денари ќе го осветли симболот на Скопје!
Kristal

Камениот мост конечно ќе светне повторно! Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски откри дека турска општина донира 9 милиони денари за целосна нова илуминација на мостот – една од највредните донации за овој историски споменик во последните години.

За проектот да стартува, се чека само одобрение од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Од Министерството кратко порачаа дека се запознаени и дека се веќе во координација со Градот.

Камениот мост, симбол на Скопје кој со години беше во мрак поради нефункционални светилки, конечно ќе ја врати вечерната магија. Претходниот тендер за осветлување, распишан лани во април, пропадна, но овој пат реализацијата изгледа извесна.

За време на прошетката низ центарот, премиерот Мицкоски и Ѓорѓиевски разговараа и за новогодишното украсување – кое ќе почне на почетокот на декември. Градот, според премиерот, конечно „личи на метропола“.

Escape