Тешка трагедија ја потресе Саудиска Арабија откако автобус со индиски аџии се запалил во движење близу светиот град Медина. Во возилото имало 46 патници, а според првичните информации, 45 лица загинале на лице место.
Единствениот преживеан е хоспитализиран во тешка состојба на одделение за интензивна нега. Поголемиот дел од настраданите се од индискиот град Хајдерабад, а аџиите патувале од Мека кон Медина на пократок аџилак.
Индискиот премиер Нарендра Моди објави дека е „длабоко потресен“ и дека властите се во постојан контакт со Саудиска Арабија за деталите и помошта за семејствата на жртвите.
Причините за пожарот засега не се познати, а истрагата е во тек.
















