ПРВ.мк
Македонија

Еве кога и во кој општини ќе се повторат изборите!

Еве кога и во кој општини ќе се повторат изборите!
Kristal

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го потпиша актот за одржување повторени избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, како и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот и Изборниот законик.

Причина за повтореното гласање е недоволната излезност на првиот круг: во Гостивар одзивот беше 33,31%, во Врапчиште 25,18%, во Маврово и Ростуше 30,31%, а во Центар Жупа 21,49%, додека законскиот минимум е една третина од запишаните гласачи.

Гаши повика институциите, изборните комисии, набљудувачите и кандидатите да обезбедат мирен, фер и демократски процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности. Државната изборна комисија веќе започна со подготовки за повтореното гласање.

Escape