ПРВ.мк
Свет

Полицијата останала без зборови: Во замрзнувач го пронашле телото на 89-годишна жена

Полицијата останала без зборови: Во замрзнувач го пронашле телото на 89-годишна жена

Шеесетгодишен маж од Велс е осуден на две години и четири месеци затвор, откако речиси три години го чувал телото на својата почината мајка во замрзнувач за да продолжи незаконски да ја прима нејзината пензија.

Според британските медиуми, Кристофер Филипс го сокрил телото на својата 89-годишна мајка во замрзнувач во нивниот дом, додека во меѓувреме незаконски примил повеќе од 78.000 фунти преку пензија и други исплати.

Случајот бил откриен кога полицијата дошла во домот по пријава од лекари кои изразиле загриженост бидејќи долго време немале контакт со жената.

Филипс им рекол на полицајците дека неговата мајка престојува кај роднини во Лондон, но при претресот тие го пронашле нејзиното тело во замрзнувачот.

На судењето било посочено дека Филипс бил главен старател на мајка си и дека по нејзината смрт не можел да се помири со загубата. Сепак, тој се изјаснил за виновен за спречување на достоинствен и законски погреб, како и за две кривични дела поврзани со измама.

Судот го осуди на затворска казна од две години и четири месеци.