ПРВ.мк
Свет

Полицаец осомничен за шпионажа за Кина и Русија

Полицаец осомничен за шпионажа за Кина и Русија
Kristal

Белгиските власти спроведуваат истрага против полицаец од Брисел, кој е уапсен под сомнение дека споделувал чувствителни информации со Кина, Русија или двете држави.

Истражителите извршиле претрес во неговиот дом, а полицаецот бил вработен во полициската управа на главниот град. Покрај кривичната постапка што ја води Федералното јавно обвинителство, против него е покрената и внатрешна полициска истрага.

Според извештаите, минатата недела бил приведен и припадник на белгиската безбедносна служба под сомнеж за шпионажа, кој бил сослушан и потоа пуштен да се брани од слобода под строги безбедносни услови. Засега не е потврдено дали станува збор за истиот човек.

Белгиските истражни органи не откриваат повеќе детали, наведувајќи дека случајот е чувствителен и сè уште се наоѓа во рана фаза на постапката.

Escape