ПРВ.мк
Свет

По 44 години откриле страшна вистина: Брачна двојка дознала дека ќерката не им е биолошка – еве колку оштета бараат од болницата!

По 44 години откриле страшна вистина: Брачна двојка дознала дека ќерката не им е биолошка – еве колку оштета бараат од болницата!
Kristal

Брачен пар од САД покрена мултимилионска тужба против здравствени институции, тврдејќи дека пред 44 години, при процедура за ин витро оплодување, бил употребен погрешен примерок од сперма, поради што нивната ќерка не е нивно биолошко дете.

Како што пренесува „Мирор“, двојката, идентификувана во судските документи како Ц.В. и К.В., со децении несвесно одгледувала дете кое, според ДНК-тестовите, не е биолошки поврзано со таткото.

„Шокантната вистина“ откриена по децении

Ц.В. била подложена на вештачко оплодување во 1981 година на Универзитетот за здравство и наука во Орегон (OHSU). Наместо сперма од нејзиниот сопруг, медицинскиот персонал, како што тврдат, користел примерок од друг пациент, кој во исто време се лекувал од неплодност.

Ќерката, идентификувана како А.П., била родена и одгледувана како нивно биолошко дете. Дури децении подоцна, ДНК-анализите покажале дека К.В. не е нејзин биолошки татко.

Тврдења за прикривање и пропусти

Во тужбата се наведува дека болницата не спровела соодветна истрага, ниту ги информирала родителите за можната медицинска грешка, иако, според тврдењата, имало сознанија за проблемот.

Дополнително, родителите тврдат дека нивната ќерка има здравствени проблеми наследени од биолошкиот татко, што отвора сомнежи дали донорскиот примерок бил правилно тестиран.

„Трајна емоционална и психолошка штета“

Судските документи детално го опишуваат емоционалниот и психолошкиот товар што, според нив, го трпат со години.Ц.В. наведува дека поминала низ понижување, физичко и психичко страдање, додека К.В. тврди дека бил лишен од биолошко татковство и можност да има дете со својата сопруга.

Бараат 17 милиони долари

Поради наводната негрижа и сериозни пропусти, двојката поднела тужба на 26 декември 2025 година, барајќи 17 милиони долари (околу 15 милиони евра) отштета од OHSU и Providence Health.

Од двете институции засега одбиваат коментар, наведувајќи дека не можат да се изјаснат за активна судска постапка.

FixCredit
Escape