ПРВ.мк
Свет

Пеколен план на руските хакери: Оваа држава им е тест-полигон пред нападите врз Европа!

 Пеколен план на руските хакери: Оваа држава им е тест-полигон пред нападите врз Европа!
Kristal

Италија стана новата мета на руските хакерски групи кои, според експертите, ја користат како „тест-полигон“ за идни напади низ цела Европа.Нов извештај на Италијанското здружение за безбедност на информациите – Clusit, покажува дека земјата во првата половина од 2025 година била цел на над 10% од сите глобални сајбер напади, што е тројно повеќе од пред четири години.

Најмногу биле погодени владините институции и воените системи, со раст на нападите од дури 600%. Експертите предупредуваат дека нападите се координирани и стратешки, насочени кон собирање чувствителни информации со потенцијална политичка и безбедносна вредност.

Според Clusit, зад повеќето од овие напади стојат групи поврзани со Русија, кои сè почесто делуваат со државна поддршка. Овие сајбер операции не се само обиди за финансиска добивка, туку имаат и јасна геополитичка агенда.

„Италија е само почетокот. Европа мора сериозно да ја засили својата кибер-одбрана, бидејќи нападите се сè поблиску до критичните системи на земјите членки“, предупредуваат безбедносни аналитичари.

Escape