ПРВ.мк
Свет

Патници скокале во морето за да се спасат – пожар проголта траект со околу 250 луѓе (ФОТО)

Патници скокале во морето за да се спасат – пожар проголта траект со околу 250 луѓе (ФОТО)

Најмалку пет лица загинаа, а по уште 41 се трага откако избувнал голем пожар на траект во близина на брегот на Индонезија.

Несреќата се случила неколку часа откако траектот „Мутиара Сентоса 2“ испловил од пристаништето Сурабаја кон градот Макасар. Во моментот на избувнувањето на пожарот на бродот се наоѓале околу 250 патници и членови на екипажот.

Според локалните власти, пожарот избувнал во близина на островот Мадура, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат густ црн чад што се издига од траектот. Во паника, голем број патници скокале во морето за да се спасат од пламените јазици.

Во тек е голема спасувачка операција во која учествуваат повеќе пловни објекти. Спасувачките екипи ги евакуираат преживеаните и продолжуваат со потрагата по исчезнатите.

Според последните информации, дел од луѓето сè уште се наоѓале на траектот додека пожарот беснеел, а причината за избувнувањето на огнот засега не е позната.