ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ПАНИКА НА АЕРОДРОМ: Предното тркало на авион се откина при слетување!

(ВИДЕО) ПАНИКА НА АЕРОДРОМ: Предното тркало на авион се откина при слетување!
Kristal

Шокантен момент се случи на аеродромот во Орландо, Флорида, кога авион на United Airlines (Flight 2323) доживеа „механички проблем“ и предното тркало буквално се одвои при слетување.

Авионот, Airbus A321neo со 200 патници и шест членови на екипажот, слетуваше од Чикаго. Сè изгледаше нормално додека задните тркала не допреа пистата, по што предниот дел на авионот силно се спушти. Во моментот на слетувањето, камерата сними како тркалото се одлепува и се тркала по пистата.

Сведоците одвнатре реагираа со шок: „Holy s***“, може да се слушне на видеото.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Иако сцената изгледаше опасно, среќна околност е што никој не е повреден. FAA потврди дека авионот станал нефункционален по тешкото слетување. United Airlines ја дефинираше ситуацијата како „механички проблем при слетување“.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo