ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕЗАМИСЛИВА ТРАГЕДИЈА: 6-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОСТАНА БЕЗ ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО

НЕЗАМИСЛИВА ТРАГЕДИЈА: 6-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОСТАНА БЕЗ ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО
Kristal

Шпанија е во жалост по една од најтешките железнички катастрофи во последните години, во која животот го загубија најмалку 40 лица. Меѓу жртвите е и цело едно семејство, а единствената преживеана е шестгодишна девојка која во еден миг останала без родителите, братот и братучедот.

Несреќата се случила кога воз кој се движел со брзина од околу 200 километри на час излетал од шините. Регионалните власти потврдија дека бројот на загинати сè уште може да расте, додека истрагата за причините продолжува. Според првични информации, на пругата е пронајден оштетен спој, но официјална потврда сè уште нема.

Меѓу загинатите се Хосе Заморано, неговата сопруга Кристина Алварез, нивниот 12-годишен син Пепе и нивниот роднина Феликс. Семејството се враќало од Мадрид, каде присуствувале на мјузиклот „Кралот лав“ и на фудбалски натпревар на Реал Мадрид.

Шестгодишното девојче ја преживеало несреќата со полесни повреди и било згрижено од полицаец во текот на ноќта. Таа моментално е со својата баба во хотел во Кордоба, каде ѝ биле ставени неколку конци на главата. Не е познато дали ѝ е соопштена трагичната вест.

Градоначалникот на нивниот роден град прогласи тридневна жалост, а знамињата се спуштени на половина копје. Целата заедница е во шок, обединета во тага и солидарност со семејствата на жртвите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo