ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕ ЗАТВОРИ ЕДНА МУЗИЧКА ПРИКАЗНА: Почина Сенка Велетанлиќ – жената што со Зафир Хаџиманов ја обележа југословенската музика

СЕ ЗАТВОРИ ЕДНА МУЗИЧКА ПРИКАЗНА: Почина Сенка Велетанлиќ – жената што со Зафир Хаџиманов ја обележа југословенската музика
Kristal

а 90-годишна возраст денеска почина Сенка Велетанлиќ, една од најпрефинетите музички дами на поранешната југословенска сцена и животна сопатничка на легендарниот Зафир Хаџиманов. Тажната вест ја соопшти нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов.

„Замина тивко, мирно и достоинствено, како вистинска дама. Во сон, без болка, токму како што живееше“, напиша Хаџиманов во емотивна објава на социјалните мрежи.

Сенка Велетанлиќ е родена на 27 мај 1936 година во Загреб. Уште како дете го покажала својот исклучителен талент – на само три години започнала да пее на радио. Подоцна дипломирала економија, но музиката засекогаш останала нејзината вистинска професија и животна мисија.

Во текот на студиите била дел од реномирани загрепски хорови, а првите професионални снимки ги направила за Радио Загреб во 1958 година. Веќе две години подоцна, на фестивалот во Опатија, со песната „Ноќ без ѕвезди“ се искачила меѓу најголемите имиња на тогашната музичка сцена.

Публиката ја памети по нејзината елеганција, суптилна емоција и беспрекорна интерпретација. Заедно со Зафир Хаџиманов создадоа антологиски телевизиски проекти, мјузикли и шансони кои оставија длабока трага.

Во 1967 година, двојката го одржа својот прв рецитал во белградското Ателје 212 – настан што влезе во историјата како прв телевизиски концерт со „лесна музика“ во живо.

Со заминувањето на Сенка Велетанлиќ, завршува едно поглавје од културната меморија на целиот регион. 🕯️

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo