Денеска Турција беше погодена од земјотрес со магнитуда од 4,1 степени според Рихтер, кој најсилно се почувствува во централниот дел на земјата, особено во областа Чанкаја каде се наоѓа државната радиотелевизија TRT.
Земјотресот предизвика голема паника меѓу граѓаните – луѓето во страв масовно ги напуштаа своите домови, угостителски и трговски објекти. На социјалните мрежи веќе се појавија видеа од моментите на хаотичното бегство.
Иако потресот бил плиток, со длабочина од 11 километри, што го направило посилно почувствуван во урбаните средини, засега нема пријавено сериозни штети на инфраструктурата или на објектите. Надлежните продолжуваат со проценка на состојбата во погодените подрачја.