ФБИ објави фотографија од осомничениот за убиството на 31-годишниот конзервативен активист Чарли Кирк и апелира до јавноста да помогне во неговото идентификување.
Оружјето користено во нападот, моќна пушка, било пронајдено завиткано во крпа, со еден потрошен куршум во комората и три неискористени куршуми во шаржерот. На куршумите биле запишани слогани во корист на трансродовите лица и против фашистичката идеологија, што укажува на мотивите на напаѓачот.