ПРВ.мк
Свет

ОЧИ ВО ОЧИ СО УБИЕЦОТ: Започна сослушувањето за убиството на активистот Чарли Кирк, вдовицата видно потресена во судницата!

ОЧИ ВО ОЧИ СО УБИЕЦОТ: Започна сослушувањето за убиството на активистот Чарли Кирк, вдовицата видно потресена во судницата!

Судењето на Тејлор Робинсон (23), обвинет за убиството на познатиот американски активист Чарли Кирк, започна во судот во американскиот град Прово со презентирање на докази од страна на Обвинителството. Со ова, вдовицата на Кирк за првпат по убиството минатиот септември се соочи во судницата со убиецот на нејзиниот сопруг.

Обвинителите најавија дека ќе бараат смртна казна за Робинсон, а ова петдневно прелиминарно сослушување го претставува најзначајното изнесување на докази во случајот досега, јавува „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News).

Присутни Доналд Трамп Помладиот и високи гости

Ерика Кирк седела во судницата веднаш до родителите на својот покоен сопруг и изгледала видно потресена додека сведоците го опишувале денот кога Чарли Кирк беше застрелан за време на неговото обраќање на собир на Универзитетот во Јута, пренесува „Си-Ен-Ен“ (CNN).

Во судницата, како поддршка на семејството, бил присутен и Доналд Трамп Помладиот, близок пријател на починатиот активист, заедно со неговата сопруга Бетина.

За време на рочиштето, семејството на Кирк привремено ја напуштило судницата кога се изнесувале чувствителни и потресни детали. Тоа се случило кога поранешен полицаец од Универзитетот во Јута детално го опишал кобниот истрел, како и кога судот прикажал експлицитна снимка од самото пукање (овие видео материјали не беа јавно емитувани).

Клучен сведок ќе биде поранешниот цимер

Сослушувањето се одржува приближно 10 месеци по убиството на 31-годишниот Кирк, кој беше коосновач на организацијата „Turning Point USA“. Веста за неговата смрт минатиот септември брзо стана глобална тема.

Само еден ден по пукањето, осомничениот Робинсон сам се предал на полицијата. Како еден од клучните сведоци во понатамошната постапка се најавува неговиот поранешен цимер.

Обвинителството го товари Тејлор Робинсон за низа тешки кривични дела, вклучувајќи: свирепо убиство, незаконска употреба на огнено оружје, извршување насилно дело во присуство на дете, влијание врз сведоци и попречување на правдата. Поради тежината на делата, државата инсистира на најстрога казна – смртна казна.

Најнови вести