Скопје, 1 март 2026 – Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) играла значајна улога во планирањето на нападот врз иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, објави „Њујорк Тајмс“.
Весникот се повикува на неколку неименувани извори запознаени со операцијата, кои откриле дека ЦИА го следела Хамнеи со месеци, собирајќи информации за неговите навики и движења.
Според извештајот, американската разузнавачка агенција дознала дека во моментот на нападот во станбен комплекс во Техеран требало да се одржи состанок на високи ирански функционери и дека Хамнеи ќе биде присутен. Овие сознанија овозможиле на САД и Израел да го приспособат времето на нападот – првично планиран за ноќните часови.
„Њујорк Тајмс“ истакнува дека ЦИА имала клучна улога во обезбедувањето точни податоци за изведување на операцијата.


















