Утрово повторно се слушнаа експлозии во земјите од Персискиот Залив, ден откако врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен во американско-израелски напад.
Иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC) објави дека извршила десетици одмазднички напади кон американските и израелските позиции.
Во Доха, главниот град на Катар, очевидци пријавија најмалку 11 експлозии, предизвикани од фрагменти од пресретнати ракети. Во Манама, Бахреин, беа забележани најмалку четири експлозии, а на социјалните мрежи се појавија слики од оштетен хотел.
Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, исто така беше погоден од нови експлозии, вклучително и во пристаништето Џебел Али. Две лица се повредени откако остатоци од пресретнати беспилотни летала паднале во дворовите на нивните куќи.
Властите нагласуваат дека повеќето од звуците што се слушаат се резултат на успешни операции за пресретнување од воздушната одбрана на земјите во регионот.


















