ПРВ.мк
Македонија

Формиран кризен штаб - еве колку лица побарале помош во рок од 24 часа!

Формиран кризен штаб - еве колку лица побарале помош во рок од 24 часа!
Kristal

Поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формираше кризен штаб на 24-часовно располагање на граѓаните. Штабот континуирано ја следи состојбата и координира постапки за македонските државјани кои се наоѓаат во загрозени подрачја, вклучително и подготовка за евакуација доколку е потребно.

Дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби се во постојан контакт со граѓаните и на располагање за помош. Министерството ги повикува државјаните доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи.

Контакт за помош:

  • СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732
  • Амбасада во Доха: +974 50 173 111
  • Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
  • Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo