Седиштето на американската ЦИА во Дубаи било цел на ирански ракетен напад, соопшти Fars. Иран таргетирал повеќе локации, вклучувајќи го и Burj al Arab и хотелот Fairmont Palm, по почетокот на заедничката операција на САД и Израел против Иран.
Во саботата, четири лица се повредени на Меѓународниот аеродром во Дубаи, а по нападот на луксузниот хотел избувнал пожар.
Истовремено, силни експлозии се слушнале и во Доха, втор ден по ред, како дел од одмаздничките удари на Иран против позиции поврзани со САД и Израел низ Блискиот Исток.


















