ПРВ.мк
Црна Хроника

За првпат се огласи мајката на серискиот убиец од кумановско - ова е нејзиното оправдување!

За првпат се огласи мајката на серискиот убиец од кумановско - ова е нејзиното оправдување!
Kristal

Мајката на 25-годишникот осомничен за убиството на 78-годишна жена од Челопек тврди дека нејзиниот син е невин и дека во критичниот период пасел овци. Таа за локално радио изјавила дека семејството било мета на љубомора од селаните поради тоа што поседувале големо стадо, како и дека нејзиниот син претходно бил пријавуван за кражби без основ.

Сепак, жителите на Челопек и Драгоманце се вознемирени и стравуваат за својата безбедност. Дел од нив се сомневаат дека осомничениот можеби имал и соучесник, оценувајќи дека делата биле внимателно планирани.

Според информациите, Т.Б. од селото Малотино се сомничи дека во периодот од 27 јануари до 12 февруари во Челопек, Општина Старо Нагоричане, со умисла и на свиреп начин ја убил 78-годишната жена. Од Обвинителството соопштија дека се проверува дали постои поврзаност и со други случаи, поради сличностите во начинот на извршување.

Во меѓувреме, се чекаат и резултатите од обдукцијата на 35-годишната Марија Маринковска од Куманово, чие тело беше ексхумирано за да се утврди причината за смртта. Според претходни информации, таа се жалела дека осомничениот ја следел.

Надлежните институции најавуваат повеќе детали по завршување на истрагата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo