ПРВ.мк
Свет

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА РЕЛАЦИЈА МОСКВА–НАТО? Русија го наруши полскиот воздушен простор - еве ги деталите!

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА РЕЛАЦИЈА МОСКВА–НАТО? Русија го наруши полскиот воздушен простор - еве ги деталите!

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе ја брани секоја педа од територијата на Полска, откако Варшава соопшти дека руски објекти го нарушиле нејзиниот воздушен простор.

„Можам да гарантирам дека НАТО ќе ја брани секоја педа од полската територија“, изјави Руте за време на посетата на Варшава, пренесе полската новинска агенција ПАП.

Тој најави дека командантот на сојузничките сили на НАТО во Европа, генералот Алексус Гринкевич, ќе ги преземе сите неопходни мерки за идентификување на евентуалните закани за одбранбените и одвраќачките капацитети на Алијансата. Доколку биде потребно, ќе се направат и соодветни прилагодувања.

Според полските власти, воздушниот простор на земјата бил нарушен во петокот од три објекти, за кои се претпоставува дека станува збор за две ракети и еден дрон. Инцидентот се случил во период кога Полска била домаќин на воени вежби во кои учествувале и земји од таканаречената Коалиција на подготвените, група држави што ја поддржуваат Украина.

Полските официјални лица оцениле дека нарушувањето на воздушниот простор не се случило случајно во периодот на одржување на воените вежби.

Советот на НАТО, главното политичко тело на Алијансата, во понеделник ќе одржи состанок во Брисел на кој ќе биде разгледан инцидентот.

Полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, најави дека Варшава во наредниот период ќе добие силна поддршка од сојузниците за зајакнување на безбедноста на источната граница.

„Во блиска иднина ќе добиеме силна поддршка од нашите сојузници во НАТО за да ја зајакнеме заштитата на нашата источна граница“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

Најнови вести