ПРВ.мк
Свет

Нов земјотрес: Вонредна состојба по серијата силни потреси

Нов земјотрес: Вонредна состојба по серијата силни потреси

Панама повторно е погодена од силен земјотрес, овојпат со магнитуда од 6 степени, откако земјата во изминатите денови се соочи со серија сеизмички потреси.

Според информациите што ги пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил регистриран во понеделникот, а неговото жариште се наоѓало на длабочина од 35 километри.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета од најновиот потрес.

Новиот земјотрес следува по разорниот потрес со јачина од 7,7 степени, кој во петокот, 9 октомври, предизвика сериозни оштетувања на станбени објекти и инфраструктура во централните делови на земјата.

Во претходниот земјотрес биле повредени најмалку 27 лица, а оштетени биле речиси 900 домови, според информациите на службите за вонредни состојби.

Властите во текот на викендот прогласиле вонредна состојба на национално ниво, со цел да се забрза помошта за погодените подрачја.

Според последните информации, регионот продолжува да се соочува со бројни последователни потреси, а во медиумските извештаи се споменуваат над 300.

Надлежните служби продолжуваат да ја следат сеизмичката активност, додека спасувачките екипи работат на процена на штетите и обезбедување помош за населението.