ПРВ.мк
Свет

Нов инцидент пред Американската тајна служба - еве ги деталите!

Нов инцидент пред Американската тајна служба - еве ги деталите!

Во Вашингтон се случил инцидент кој ги вклучи безбедносните аларми – автомобил удрил во капијата на Американската тајна служба, соопшти денеска Прес-службата на агенцијата.

Инцидентот се случил во непосредна близина на еден од високообезбедуваните објекти, каде присуството на федерални агенти е постојано. Засега не се соопштени детали дали се работи за намерен напад, сообраќајна несреќа или друг вид инцидент.

Според првичните информации, нема извештаи за повредени, а областа веднаш била обезбедена од припадниците на Тајната служба. Се врши истрага за да се утврдат идентитетот на возачот, причините за несреќата и евентуалната поврзаност со поголема безбедносна закана.

Американската тајна служба, позната по својата улога во заштита на претседателот и други високи функционери, како и за истраги поврзани со финансиски криминал, ретко се соочува со вакви директни инциденти пред своите објекти.

Очекувањата се дека во текот на денот ќе следуваат повеќе информации по завршување на првичната безбедносна проценка.

Escape