ПРВ.мк
Свет

Кралот Чарлс III ги пречека лидерите од Западен Балкан - еве што кажа Мицкоски!

Кралот Чарлс III ги пречека лидерите од Западен Балкан - еве што кажа Мицкоски!

Британскиот крал Чарлс III синоќа организираше свечен прием во палатата Сент Џејмс за лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на самитот што денеска се одржува во Лондон под водство на британскиот премиер Кир Стармер. На настанот присуствуваа и високи европски функционери, а меѓу гостите беше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Мицкоски откри дека средбата со кралот била „искрена и содржајна“, нагласувајќи дека разговарале за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство, стабилноста, развојот и заштитата на природата — теми на кои Чарлс со години посветува особено внимание.

„Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи по средбата со монархот.

Самитот што се одржува денес е дел од Берлинскиот процес, иницијатива која има за цел да ја зајакне регионалната соработка, да го поттикне економскиот развој и да ги приближи земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Претходно, лидерите од регионот се сретнаа на самити во Берлин (2022 и 2024 година) и во Тирана (2023 година), а Лондонскиот самит се смета за нов поттик во процесот на интеграција и европска соработка.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape