ПРВ.мк
Свет

НОВ УДАР ЗА СВЕТОТ: Русија го стопираше увозот на овошје - еве кои ќе бидат најпогодени!

НОВ УДАР ЗА СВЕТОТ: Русија го стопираше увозот на овошје - еве кои ќе бидат најпогодени!

Русија од денеска воведува привремени ограничувања за увоз на коскесто овошје од пет големи турски производители, поради повеќекратно утврдено присуство на штетници и други организми што подлежат на карантински надзор, објави турското издание „Туркије тудеј“.

Според руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор („Росселхознадзор“), мерката се однесува на праски, нектарини, кајсии, сливи, цреши, вишни и маслинки.

Турција е меѓу водечките светски извозници на коскесто овошје. Во 2025 година извозот на оваа категорија достигнал вредност од 336,6 милиони американски долари, од кои 140,6 милиони долари, или повеќе од 40 проценти, биле остварени на рускиот пазар.

Руските ограничувања се однесуваат исклучиво на петте производители кај кои биле констатирани неправилности и не важат за целокупниот турски сектор за производство и извоз на овошје.

Во меѓувреме, според „Туркије тудеј“, украинскиот парламент го ратификувал Договорот за слободна трговија со Турција. Со договорот е предвидено Турција веднаш да ги укине увозните царини за 93,4 проценти од индустриските производи и за 7,6 проценти од земјоделските производи што се увезуваат од Украина.