ПРВ.мк
Свет

Не можеле да поверуваат што гледаат: Полицаец преправен во грмушка казнил 74 возачи за само шест часа

Не можеле да поверуваат што гледаат: Полицаец преправен во грмушка казнил 74 возачи за само шест часа

Необична сообраќајна акција спроведе полициската управа во Данелан, каде што еден полицаец бил маскиран во грмушка со цел полесно да ги открива возачите кои користат мобилен телефон зад воланот.

На фотографиите објавени од полицијата се гледа службеник облечен во зелено камуфлажно одело кое целосно се вклопува со околината, додека со двоглед ги следи учесниците во сообраќајот.

„Дали денес ја забележавте нашата ‘грмушка’? Ако гледавте во телефонот, најверојатно не“, се пошегува полицијата во објавата на социјалните мрежи.

Акцијата била организирана во еден од најфреквентните делови на градот, каде што има голем број пешаци и интензивен сообраќај. За само шест часа, полицајците изрекле 74 казни на возачи кои користеле мобилен телефон додека управувале со возилото.

Од полицијата упатија апел возачите да не дозволуваат пораките и известувањата да им го одвлекуваат вниманието, нагласувајќи дека безбедноста во сообраќајот мора да биде на прво место.

Според локалните прописи, казната за користење мобилен телефон при возење започнува од 200 долари, а за повторени прекршоци може да достигне 600 долари. Возачите кои трипати ќе бидат фатени во истиот прекршок ризикуваат и одземање на возачката дозвола до 90 дена.