ПРВ.мк
Свет

Нафтата експлодираше над 110 долари: Војната на Блискиот Исток силно ги тресе светските пазари

Нафтата експлодираше над 110 долари: Војната на Блискиот Исток силно ги тресе светските пазари
Kristal

Цената на суровата нафта Брент вечерва нагло порасна и ја надмина границата од 110 долари за барел, што е нов силен сигнал дека конфликтот на Блискиот Исток веќе сериозно влијае врз глобалниот енергетски пазар.

Според последните податоци од светските берзи, цената достигнала 111,13 долари за барел, што претставува раст од 7,74 проценти за краток временски период. Овој скок доаѓа во услови на зголемена неизвесност на меѓународните пазари, каде инвеститорите со голема загриженост ги следат случувањата во регионот.

Ескалацијата на воените тензии на Блискиот Исток повторно го отвори прашањето за стабилноста на снабдувањето со енергенси, особено поради стравувањата од пошироки последици врз нафтените рути и глобалната трговија. Токму затоа, секое ново влошување на состојбата веднаш се одразува врз цените.

Растот на нафтата најчесто повлекува и нов бран поскапувања во други сектори, пред сè кај горивата, транспортот и производството, што дополнително ја зголемува загриженоста за притисок врз инфлацијата во повеќе земји.

Пазарите остануваат исклучително чувствителни, а аналитичарите предупредуваат дека доколку кризата продолжи или дополнително се прошири, цената на нафтата би можела да продолжи да расте и во наредниот период.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo