ПРВ.мк
Свет

Мистерија во Турција: Инфлуенсерка пронајдена мртва, актер снимен пред нејзиниот стан непосредно пред трагедијата

Мистерија во Турција: Инфлуенсерка пронајдена мртва, актер снимен пред нејзиниот стан непосредно пред трагедијата
Kristal

Турската инфлуенсерка Ајшеѓул Ераслан е пронајдена мртва во својот дом, а случајот предизвика големо внимание во јавноста поради новите детали што излегуваат од истрагата.

Според локалните медиуми, 27-годишната Ераслан била пронајдена без знаци на живот откако членовите на нејзиното семејство побарале помош, бидејќи не им ја отворила вратата. Трагедијата се случила кратко по нејзиното враќање од патување во Египет.

Дополнителна мистерија на случајот му даваат и снимките од безбедносните камери, на кои се гледа како познатиот турски актер Сунај Куртулуш влегува во нејзината зграда околу еден час пред нејзината смрт. Според неговата верзија, станувало збор за кратка посета, по што си заминал.

Неговите адвокати соопштија дека актерот бил испрашан од полицијата во рамки на истрагата и дека од самиот почеток целосно соработува со надлежните органи. Во нивното соопштение се наведува дека тој не бил во станот во моментот кога настапила смртта и дека ги дал сите потребни изјави.

Во јавноста беше објавена и порака со сочувство во која се изразува жалење за смртта на младата инфлуенсерка, како и поддршка до нејзиното семејство и блиските.

Ајшеѓул Ераслан беше позната по своето учество во турското модно шоу „İşte Benim Stilim“, преку кое стекна препознатливост и голем број следбеници. Истрагата за нејзината смрт е во тек.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo