ПРВ.мк
Свет

Горивото станува „луксуз“: Ќе се воведува лимити и поскапи цени

Горивото станува „луксуз“: Ќе се воведува лимити и поскапи цени
Kristal

Поради нагло зголемената побарувачка и таканаречениот „бензински туризам“, дел од европските земји и компании веќе воведуваат ограничувања за точење гориво и посебни мерки за странски возила. Во Словенија, бензинските станици на MOL привремено го ограничија точењето на 30 литри за физички лица, додека за фирми и товарни возила лимитот е 200 литри. И Shell воведе ограничувања, а на дел од своите станици го намали максимумот на 100 литри по полнење.

Од MOL објаснуваат дека мерката е воведена за да се намали притисокот врз бензинските пумпи и да се обезбеди поредовно снабдување за сите корисници. Причината, според компанијата, е значително зголемена потрошувачка во последните две недели, делумно поради правење залихи, но и поради зголемен број возачи од соседните земји кои полнат гориво во Словенија.

Во меѓувреме, Словачка направи уште поостар чекор. Владата одобри бензинските станици да можат да продаваат дизел по повисока цена за возила со странски таблички, а истовремено да воведат и ограничувања за количината што може да се наточи. Мерката е насочена кон запирање на „бензинскиот туризам“, откако пониските цени во северните делови на земјата доведоа до празнење на одделни бензински станици, особено во близина на полската граница.

Овие потези покажуваат дека енергетската криза и регионалните ценовни разлики веќе директно влијаат врз возачите, а странците први би можеле да го почувствуваат товарот на новите мерки.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo